Ковачевски - Осуда за одлуката на Русија за признавање на Доњецк и Луганск како самонаречени „Народни републики“

Премиерот Димитар Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски преку својот Твитер профил ја осуди одлуката на Руската Федерација да ја признае самопрогласената независност на украинските региони Доњецк и Луганск.

„Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Доњецк и Луганск како самонаречени „Народни републики“. Ваквиот чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и кршење на договорите од Минск и одлуките на Советот на ООН од 2015“, напиша Ковачевски на Твитер.

Заедно со НАТО сојузниците, додава премиерот Ковачевски на социјалната мрежа, повикуваме на решавање на конфликтот по дипломатски пат.

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа ја призна независноста на проруските сепаратистички територии во источна Украина и потпиша „договори за пријателство и взаемна помош“ со нив.