ОН – Кина, Русија и Србија продолжуваат да ја вооружуваат хунтата во Мјанмар

Архивска фотографија: Војник апси човек во Мјанмар

Русија, Кина и Србија продолжија да ѝ испорачуваат оружје на воената хунта во Мјанмар, кое од воениот удар во земјата се користи за напади врз цивили, изјави денеска известувачот на ОН за човекови права во Мјанмар Том Ендрјус. Тој повика на итно свикување на Советот за безбедност на ОН поради ситуацијата во Мјанмар.

Ендрјус рече дека на состанокот би требало да се усвои резолуција која во најмала рака би забранила трансфери на оружје која војската на Мјанмар ги користи за да напаѓа и убива цивили.

Мјанмар е во хаос од воениот удар на 1 февруари 2021 година, кога беше соборена цивилната шефица на владата Аунг Сан Су Ќи, со што беше окончана деценијата демократска транзиција.