Зеленски бара „јасна, ефикасна“ поддршка наспроти руските акции

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, 22.02.2022.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев очекува „јасни“ знаци на поддршка и акција од своите сојузници, а не само зборови, откако неговата земја се соочува со закана од инвазија од Русија. „Очекуваме јасни и ефективни чекори за поддршка од нашите партнери. Многу е важно сега да видиме кој е нашиот вистински пријател и партнер и кој ќе продолжи да ја плаши Русија со зборови“, рече тој во телевизиско обраќање откако рускиот претседател Владимир Путин, пркосејќи им на предупредувањата на ОН и Западот ја призна независност на сепаратистичките региони во источна Украина поддржани од Русија.

Путин нареди испраќање војници во Украина откако ја призна независноста на Доњецк и Луганск

Путин, исто така, рече дека ќе испрати војници во регионите за да ги заштити цивилите од напади - акции што Западот ги осуди и за кои САД рече дека се дел од обидите на Москва да создаде изговор за инвазија на Украина.
„Украина недвосмислено ги квалификува неодамнешните активности на Руската Федерација како повреда на суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата држава“, рече Зеленски. Целата одговорност за последиците од овие одлуки лежи на политичкото раководство на Русија.

Западот ги осуди постапките на Путин, подготвува нов пакет санкции

„Не се плашиме од никого и ништо. Никому ништо не должиме. И ние нема да дадеме ништо никому. Признавањето на независноста на окупираните области на Доњецк и Луганск може да претставува еднострано повлекување од договорите со Минкс“, изјави Зеленски, мислејќи на договорите од 2015 година дизајнирани да го постават патот кон мировно решение. Русија ја нападна Украина во 2014 година и го зазеде регионот на Крим. Таа, исто така, ги поддржа сепаратистите во источна Украина во крвавата војна против владата во Киев. Зеленски вети дека украинската влада нема да реагира на руските провокации, но во исто време нема да предаде ниту една територија. Тој рече дека земјата стои со своите „меѓународно признати граници. И тие ќе останат такви и покрај сѐ, и покрај какви било изјави или дела на Руската Федерација“.

Москва: Лавров сè уште е подготвен да се сретне со Блинкен во Женева

Тој, исто така, повика на смиреност во земјата, велејќи дека нема причина за „хаотично однесување“ или „непроспиени ноќи“. Зеленски го испрати својот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, во Вашингтон за да се сретне со државниот секретар Ентони Блинкен во обид да изврши притисок за нови санкции на САД против Москва поради нејзините последни дејствија.