Вулканот Етна исфрли чад и пепел, накратко затворајќи го аеродромот

Илустративна фотографија, чад од вулканот Етна

Најголемиот активен вулкан во Европа Етна испушти чад и пепел во нова ерупција поради што денеска накратко беше затворен аеродромот Катанија на Сицилија.

Облакот од пепел се издигна 10 километри (6,2 милји) во воздухот над кратерот југоисточно од вулканот, објави на Твитер Националниот институт за геофизика и вулканологија.

Како што пренесува Ројтерс, меѓународниот аеродром Винченцо Белини во Катанија, кој се наоѓа во близина на вулканот, беше затворен околу два часа.

Пепелта ги покри патиштата, балконите и покривите во блиските градови, соопшти италијанската агенција за цивилна заштита.

Од Националниот институт соопштија дека забележале постепен пораст на вулканско-сеизмичките потреси предизвикани од гасовите што излегуваат, што може да биде знак дека Етна се движи кон уште еден спектакуларен излив на огнена лава.

Со 3.324 метри Етна е највисокиот активен вулкан во Европа и често еруптира во изминатите 500.000 години.