Борел: Босна „позагрижувачка од кога било“

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел

Шефот европската дипломатија Жозеп Борел, изрази загриженост поради „центрифугалните трендови“ во Босна и Херцеговина, еден ден откако босанските Хрвати се заканија дека ќе ги бојкотираат претстојните избори и ќе формираат свој регион во таа проблематична балканска држава. Борел предупреди на конференцијата за безбедност во Минхен дека ситуацијата е „позагрижувачка од кога било“ за поранешната југословенска република, која веќе е поделена на бошњачка и хрватска федерација и ентитет со доминантно српско население наречена Република Српска.

Ескобар: Западен Балкан е централен дел во визијата на САД за мир во Европа

Босанските државни власти и меѓународната заедница веќе се борат со сецесионизмот предводен од еден од лидерите на трипартитното претседателство на Босна, водачот на босанските Срби, Милорад Додик. Исто така, има зголемени притисоци да се најде решение за хрватските жалби -- во некои случаи поддржани со меѓународни правни пресуди -- дека поделбите на Босна врз етничка основа, воспоставени во 1995 година, се дискриминаторски и мора да бидат укинати.

Преговорите за изборните реформи во БиХ завршија без договор

Националните избори се закажани за октомври годинава. На 19 февруари, телото што претставува многу политички партии на босанските Хрвати се закани дека ќе започне да работи на создавање свој регион во Босна доколку не се променат изборните закони за да се зголеми нивната застапеност на национално ниво. „Нема да прифатиме распад и распаѓање на Босна“, рече Борел. Тој најави дека министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за босанската дилема на денешниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ.