Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска ќе разговараат за најновите случувања околу руското воено засилување кај Украина и ќе одржат дискусија за европската безбедносна ситуација. На 24 јануари 2022 година, Советот одобри заклучоци за ова прашање. Заклучоците го подвлекуваат фактот дека обидите на Русија повторно да создаде линии на поделба на европскиот континент ги поткопуваат основните принципи врз кои се гради европската безбедност и ја потврдија целосната и непоколеблива поддршка за Украина.
Ескобар: Западен Балкан е централен дел во визијата на САД за мир во Европа
Советот ќе расправа и за ситуацијата во Босна и Херцеговина која се соочува со една од најдлабоките политички кризи од крајот на вооружениот конфликт во 1995 година. На 18 октомври 2021 година, Советот ја потврди недвосмислената посветеност на ЕУ за територијалниот интегритет, суверенитет и единство на Босна и Херцеговина. Советот изрази жалење за продолжената политичка криза во државата и ја осуди блокадата на државните институции. На 11 февруари, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, ги повика сите лидери во Босна и Херцеговина да продолжат со сериозен и значаен дијалог со цел да се обезбеди долгорочно и одржливо решавање на актуелната политичка криза во земјата.