МНР повика македонските државјани итно да ја напуштат Украина

Киев.

Министерството за надворешни работи упатува апел до државјаните на Северна Македонија кои се уште се наоѓаат во Украина итно да ја напуштат поради можност од воена ескалација. На оние пак кои во претстојниот период планирале посета на Украина, МНР им препорачува да избегнуваат патувања во земјата. МНР го упатува апелот поради сериозно влошената безбедносна ситуација во и околу Украина.

„Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ги следи одблиску состојбите, и е во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници со кои на дневна основа разменуваме информации и анализи за актуелните состојби“, велат од МНР.

Од Министерството досега неколкупати упатија апел државјаните на Македонија кои се во Украина да ја напуштат земјата.