Петар Стојанов - Бугарија со две години задоцнување почна да дискутира на темата Северна Македонија

Македонско и бугарско знаме и знаме на ЕУ

Поранешниот претседател на Бугарија, Петар Стојанов за БНТ ги коментираше односите меѓу Бугарија и Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Стојанов, Бугарија многу доцна – пред две години се сетила да разговара на темата Северна Македонија.

Бугарија, за жал, како што вели Стојанов, низ годините не била особено добар пример.

Стојанов е дециден дека Македонија и Албанија имаат да изодат долг пат кон Европската унија, а Бугарија е далеку од тоа да биде пречка за Македонија на нејзиниот пат кон Европа.
Сепак, според него, предизвиците денес се нови.

Петар Стојанов беше претседател на Бугарија од 1997 до 2001 година.

Бугарија го блокира почетокот на преговори за членство на Македонија во ЕУ, со тврдење дека земјава ја краде бугарската историја и оти македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот.