Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави пред Советот за безбедност на ОН дека Русија „презема чекори по патот на војната“, но единствениот одговорен начин да се реши кризата околу нејзиното трупање во близина на Украина е дипломатијата. Руските сили се подготвуваат да започнат напад против Украина во „наредните денови“, предупреди високиот американски дипломат, а на инвазијата најверојатно ќе ѝ претходат лажни или вистински напади и кампања со дезинформации што ќе обезбедат оправдување за инвазија.
Бајден предупреди дека заканата од руска инвазија во Украина е „многу висока“
Тој ја повика Русија да „избере поинаков пат“ и да избегне војна што ќе влијае врз животите и безбедноста на милиони луѓе. „Руската влада може да објави денес, без квалификација, двосмисленост или отклонување, дека Русија нема да ја нападне Украина. Наведете го тоа јасно. Кажете го тоа јасно на светот, а потоа покажете го тоа со испраќање на вашите војници, вашите тенкови и авиони назад во нивните бараки и хангари и испраќање на вашите дипломати на преговарачка маса“, рече Блинкен, говорејќи пред 15-члениот совет во Њујорк.
САД ги добија одговорите од Русија за безбедносните гаранции
Тој, исто така, рече дека побарал уште една средба лично со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да се одржи следната недела во Европа и рече дека Германија и Франција се подготвени да започнат преговори за конфликтот во источна Украина по спогодбите од Минск. Ако Русија сака дипломатија, Соединетите Држави и нивните сојузници „ќе ѝ дадат на Москва секоја можност да ја покаже таа посветеност“, рече Блинкен.
Русија го протера заменик шефот на мисијата на САД во Москва
Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Вершинин, изјави пред Советот дека воените сценарија изнесени од Блинкен се за жалење и опасни и рече дека некои руски војници се враќаат во своите матични бази. Соединетите држави и НАТО претходно оваа недела ги отфрлија тврдењата на Русија за повлекување на војниците и рекоа дека Москва всушност испраќа повеќе сили во областите во близина на Украина. Американскиот претседател Џо Бајден претходно изјави дека заканата од руска инвазија на Украина е „многу висока“, но вратата за дипломатско решение останува отворена дури и откако Русија го протера службеникот број 2 од американската амбасада во Москва. Русија не ги повлече своите сили од украинската граница како што тврди Русија, рече Бајден, додавајќи дека САД имаат причина да веруваат дека Русија е вклучена во „операција со лажно знаме“ за да ја оправда инвазијата. Кремљ го обвини Бајден дека поттикнува тензии и го повтори своето тврдење дека Вашингтон ги игнорирал неговите безбедносни барања.