Почнува дијалогот за зголемување на пензиите

за пензиите има пари во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, велат од владата. Скопје

За денеска е најавен првиот состанок за зголемување на пензиите, а решението ќе се носи низ дијалог со сите засегнати страни. На состанокот се очекува да се разговара за можноста за промена на методологијата за пензиите, а доколку се прави нова методологија, тогаш таа ќе биде направена низ дијалог и ќе се бара решение прифатливо за сите, уверуваат надлежните. Дека ќе се бара решение кое ќе биде најприфатливо за сите страни потврди и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи рече дека целта е исходот од преговорите да биде прифатлив за сите засегнати страни.

Никој не кажува од каде пари за повисоки плати и пензии

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи деновиве изјави дека за зголемувањето на минималецот кој треба да изнесува 18.000 денари се обезбедени средства во Буџетот, а за пензиите дека има пари во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Според Битиќи, финансиските извештаи на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за лани, како година на пандемија и економска криза, покажуваат дека има значително зголемување на приходите заради движењето на економијата и на платите. Пензионерите бараат зголемување на пензиите со оглед на растот на трошоците на живот.

За еден месец синдикалната кошничка поскапа за 770 денари

Претходно, синдикатите бараа зголемување на минималната плата на 18.000 денари по што почнаа преговори на ниво на Економско-социјалниот совет и беше изнајдено заедничко решение за зголемување на минималецот со субвенционирање на придонесите на разликата од сегашните 15.200 до 18.000 денари. Законското решение за минималната плата во моментот е во собраниска процедура.