Денеска започнува скринингот во основните училишта каде што е зголемен бројот на новозаболени од ковид-19. Тоа беше аларм за иницирање скрининг кој ќе покаже каква е трансмисијата на вирусот меѓу учениците, соопшти Комисијата за заразни болести. Брис ќе се зема во училиштата, по случаен избор со согласност на родителите на учениците. „Обезбедени се тимови и здравствени работници кои ќе почнат со скринингот за во основните училишта“, изјави портпаролот на Комисијата за заштита од заразни болести, Злате Mехмедовиќ. Според него, во моментот, во основните училишта има повеќе деца со ковид-19, за разлика од средните училишта, каде што ситуацијата е помирна.
Започна скринингот за да се види националниот имунитет од Ковид 19
Со повеќе отсуства и под ковид протоколи почна второто полугодие
Во вторникот Комисијата соопшти дека се зголемува бројот на заразени деца со Ковид-19 на возраст од 6 до 14 години. Трендот трае веќе неколку недели. Последниот период имало 120 нови случаи на заразени ученици на територијата на целата земја. Претседателот на Комисијата, Александар Петличковски на вчерашната прес конференција рече дека скринингот ќе се спроведе во училиштата. Тој посочи и дека препораките за лекување од ковид-19 се достапни на веб страница на Министерството за здравство. Петличковски вели дека во ниеден контекст не може да каже дека зголемената смртност од ковид-19 е резултат на непочитување на протоколите. „Мислам дека голем дел на високата смртност се должи на нашето запоставено здравје“, изјави тој.