Италијанската министерка за спорт Валентина Вецали изјави дека светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ ќе добие дозвола да учествува на Италија опен, бидејќи за настаните на отворено не мора потврда за вакцинација против Ковид-19.
Ѓоковиќ во вторникот рече дека е подготвен да ги пропушти Гренд Слем турнирите, како што се Франција опен и Вимблдон, наместо да прими вакцина против ковид-19. Тој поради тоа што нема примено вакцина беше депортиран непосредно пред почетокот Австралија Опен.
„Тоа е спорт на отворено и не е потребна строга зелена пропусница. Значи, ако Ѓоковиќ сака да дојде во Италија да игра, ќе може да го стори тоа. Можеби без посета на хотели и ресторани“, рече Вецали за италијанскиот весник Либеро во четвртокот.
Претходно овој месец, владата на Италија ја укина обврската за носење маски на отворено поради подобрувањето на ситуацијата со коронавирус. Италија опен ќе се одржи во Рим од 2 до 15 мај. Шампионот на Австралија опен Рафаел Надал го победи Ѓоковиќ во минатогодишното финале во Рим.