Американскиот Стејт департментот соопшти дека Русија го протерала Барт Горман, заменик шеф на мисијата во американската амбасада во Москва. Портпаролот на амбасадата го потврди протерувањето на 17 февруари, но не даде детали зошто е преземен потегот.
Руската државна новинска агенција РИА Новости објави дека Горман бил втор по команда во американската амбасада во Москва и имал отворена виза. Тој помина помалку од три години во Москва, соопшти агенцијата.
Потегот доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Москва поради трупањето руски војници во пограничните области со Украина. Американските власти и некои други западни функционери оценија дека руската инвазија на Украина е неизбежна. Москва негираше дека има какви било планови за инвазија на Украина.