Нови 1.117 случаи и 22 починати од Ковид-19

Илустративна фотографија

Регистрирани 1.117 нови лабораториски позитивни случаи на Ковид-19 од 3.513 тестови , а пријавени се уште 22 починати лица, соопштија од Министерството за здравство.

Притоа, во текот на последното деноноќие регистрирани се 14 починати лица, додека дополнителни осум лица се евидентирани во регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид -19 од Мој Термин. Тие се пријавени во период од 3 до 15 февруари. Од вкупниот број на починати лица, кај 21 лице се регистрирани коморбидитети, а сите се на возраст од 66 до 86 години.

Од вкупниот број на позитивни (1.117), регистрирани се 154 реинфекции. Во изминатото деноноќие има и 1.059 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 290.915, бројот на оздравени пациенти е 273.243, на починати е 8.851, а бројот на активни случаи изнесува 8.821.