Хаменеи - Иран сака нуклеарна енергија, не оружје

Иран-- Врховниот водач, Али Хамнеи.

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хаменеи, рече дека на Техеран му е потребна нуклеарна енергија, а не оружје, во услови на знаци за пробив во долготрајните преговори за заживување на историскиот нуклеарен договор со светските сили.

Во денешните коментари емитувани од државната телевизија, тврдокорниот Хаменеи рече дека Техеран „мора да размислува за утре“ и дека „порано или подоцна итно ќе ни треба мирољубива нуклеарна енергија“.

Во Виена се водеа разговори за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година, познат како Заеднички сеопфатен план за акција (JCPOA), кој настана бидјеќи земјите беа загрижени дека Техеран не е искрен за целите на својата нуклеарна програма.

Во директните разговори со Иран се вклучени преговарачи од Велика Британија, Кина, Франција, Германија и Русија. Соединетите држави учествуваат индиректно, бидејќи Иран одби да се сретне лице в лице со американската делегација.

Иран беше цел на сè построги санкции од Обединетите нации, како и од Соединетите држави и други земји, пред потпишувањето на договорот со големите светски сили за ограничување на чувствителните нуклеарни активности на Техеран во замена за олеснување на санкциите во 2015 година.

Тогашниот претседател Доналд Трамп ги повлече Соединетите држави од тој договор во 2018 година и повторно воведе строги санкции што ја погодија иранската економија и валутата на земјата.