МНР - Северна Македонија има конзул во САД, засега не се предвидува негова замена

Министерство за надворешни работи на Северна Македонија.

Министерството за надворешни работи реагираше на бројните објавени информации поврзани со испраќањето на дипломати во Дипломатско – конзуларните претставништва, за кои како што наведува институцијата се „нецелосни.“

Инаку, во јавноста жестоки реакции беа предизвикани од информацијата дека Владата одлучила да ја испрати 28-годишната ТВ презентерката Бесмира Ејупи за генерален конзул во Њујорк.

Според информациите, Владата на затворена седница одлучила да ја испрати Ејупи за генерален конзул во Њујорк.

Од Владата не ја потврдија оваа информација која излезе од анонимни извори, но не ја ни демантираше, иако ја објавија речиси сите медиуми. Ејупи наводно била назначена на предлог на ДУИ.

Од МНР во реакцијата навесуваат дека „со оглед на тоа дека се работи за информации од доверлив карактер, дозволете да информираме дека Република Северна Македонија во моментов има Генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев, кој е дипломат од кариера, и кој е избран согласно сите законски прописи“, се вели во реакцијата.

„Во моментов тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена“, велат од МНР.

Конзулот Панев има мандат до јули 2023 година.