Најголемата австралиска електрана на јаглен ќе биде затворена седум години порано од планираното, бидејќи нејзиниот оператор соопшти дека е се помалку конкурентен во трката против „приливот на обновливи извори на енергија“.
Фабриката „Ераринг“ од 2,88 гигавати се наоѓа во регионот Хантер северно од Сиднеј и е управувана од „Ориџин Енерџи“, а ќе биде затворена во 2025 година.
Со тоа таа ќе се приклучи на и онака долгата листа на електрани на јаглен кои се затвораат поради растот на евтината ветерна и сончева енергија во земјава.
Потпирањето на Австралија од електрани на јаглен се намали во последниве години.
Сепак, јагленот сè уште обезбедува 60 отсто од електричната енергија во земјата, што ја прави една од нациите со највисоки емисии на јаглерод по глава на жител.