Во Сенатот на САД вчера се одржа сослушување за Западен Балкан, со акцент врз поддршка на мирот и просперитетот на овој регион. Сведочејќи пред Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат, Габриел Ескобар, специјален пратеник на САД за Западен Балкан, повтори дека САД ја поддржуваат иницијативата Отворен Балкан. „Ние веруваме дека Отворен Балкан и Зелената агенда се неопходни за европската интеграција. Ги повикуваме да се борат против корупцијата и да ги прошират можностите за интеграција. Ова ќе го спречи одливот на мозоци“, рече Ескобар. Наведувајќи дека САД нема да наметнуваат решенија, но дека сакаат да помогнат тој посочи дека САД се особено загрижени поради зголеменото влијание на Кина на Западен Балкан.
Ескобар: Во „Отворен Балкан“ да се вклучат сите земји од регионот
Во врска со ситуацијата во Босна и Херцеговина Ескобар изјави дека САД ќе ги употреби сите достапни инструменти против оние кои ги држат како заложници граѓаните на Босна и Херцеговина за нивна сопствена корист. Тој потсети дека САД неодамна повторно го санкционираа членот на Претседателството на БиХ и претседател на Алијансата на независните социјалдемократи Милорад Додик и неговата блиска Алтернативна телевизија. Претседавачот на Поткомитетот за Европа и регионална безбедносна соработка, Жан Шахин, го праша што друго може да се направи освен санкциите.
Додик: Вооружените сили на БиХ и Управата за индиректни даноци се нелегитимни
„Додик е актер со кој е тешко да се работи, но не е единствениот. Нашите активности се насочени кон него, а не кон Србите и Република Српска. Проблемот не е етнонационализмот, туку длабоко вкоренетата корупција. Таа е најкорумпираната земја на Западен Балкан и трета најкорумпирана земја во Европа. Затоа има одлив на мозоци“, изјави американскиот дипломат.