Времето денеска: умерено до значително облачно

Претпладне умерено до значително облачно, на крајниот југоисток со слаб дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневната температура ќе биде од 7 до 18 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 15 степени.