Уставниот суд на денешната седница не поведе постапка по иницијативната за укунување на ковид сертфикати за примена вакцина за дозвола при влез во одредени објекти.
Откриени над 40 луѓе без вакцинални сертификати во кафеаните во Кочани
Станува збор за иницијатива која е поднесена од Николче Марушевски поради ограничување на движењето наведено во Одлуката на здравствените власти со која се забранува влез во објекти и делови од објекти наведени во одлуката. Во неа е наведено дека не може да се влезе во одредени објекти без да се приложи сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза од вакцина против заразната болест КОВИД-19 и сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Затворени четири угостителски објекти во Тетовско, затекнати 27 лица без ковид-сертификат
Судијата известител Вангелина Маркудова на седницата изјави дека наводите во иницијативата се неосновани, бидејќи Одлуката на здравствените власти е разумна и е донесена за општо добро поради пандемијата со КОВИД-19, врз основа на препораките на СЗО.