Поранешен политички затвореник канидат на предвремени избори во Туркменистан

Поранешен политички затвореник и отворен критичар на владата на Туркменистан Гелди Киаризов

Поранешен политички затвореник и отворен критичар на владата на Туркменистан Гелди Киаризов најави дека планира да се кандидира на предвремените претседателски избори поради борба против „диктатурата“ во строго контролираната централноазиска држава. До оваа објава доаѓа по најавата дека синот на сегашниот лидер, Гурбангули Бердимухамедов, Сердар е номиниран за кандидат.

Во видео изјава објавена на платформата Јутјуб, Киаризов изјави дека ја донел одлуката откако владејачката Демократска партија на Туркменистан го номинираше Сердар Бердимухамедов, за свој претседателски кандидат за гласањето што ќе се одржи на 12 март.

Синот на лидерот на Туркменистан номиниран за претседател на земјата

Киаризов посочи дека е огорчен од потегот на авторитарниот лидер кој сака да го остави неговото „потомство да владее со земјата на апсолутен династички начин како наследник на фараон“.

„Нацијата мора да се обедини. Мораме да бидеме заедно за да се бориме со оваа диктатура и тиранија на сите правци“, изјави Киаризов.

71-годишниот Киаризов, помина пет години во затвори во Туркменистан откако беше приведен во 2002 година за наводна вмешаност во заговор за „атентат“ на тогашниот претседател Сапармурат Нијазов.

Тој и неговото семејство добија дозвола да го напуштат Туркменистан во 2015 година и оттогаш престојува во земја членка на Европската унија.

Според организациите за заштита на човекови права, Туркменистан никогаш не одржал слободни и фер избори откако стана независна држава по падот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Туркменските власти најмуваат деца за справување со бездомни животни

Изјавата на Киаризов дојде веднаш откако 40-годишниот Сердар Бердимухамедов беше официјално номиниран за претседателски кандидат на 14 февруари по отворањето на процесот за номинација од трите регистрирани политички партии во земјата, кои сите го поддржуваат актуелниот претседател.

Минатата недела, долгогодишниот 64 годишнен авторитарен лидер Гурбангули Бердимухамедов на вонреден состанок во Парламентот посочи дека има намера да се повлече за да дозволи власта да им се предаде на „младите лидери“.