Денеска се очекува одлука на Судот на правдата на Европската унија по жалбата на Полска и Унгарија против новиот механизам за поврзување на европските фондови и почитување на владеењето на правото. Двете земји, кои беа критикувани од европските институции за поткопување на нормите на владеењето на правото, тврдат дека механизмот не обезбедува правна сигурност и ги нарушува договорите на Унијата. Механизмот - формално познат како регулатива за општ режим на условеност за заштита на буџетот на Унијата - беше договорен кон крајот на 2020 година како дел од поширок политички договор за буџетот и пакетот за закрепнување на блокот.
На почеток на кампањата, Орбан навести можно излегување на Унгарија од ЕУ, владата негира
Тоа ѝ дозволува на Унијата да го суспендира или намали финансирањето од ЕУ за земјите-членки поради недостатоци во владеењето на правото кои влијаат или сериозно ризикуваат да влијаат врз финансиските интереси на ЕУ на „доволно директен начин“.
Полскиот Уставен суд ја оспори превласта на ЕУ над полското право
Како дел од договорот на лидерите, Европската комисија се воздржа од спроведување на механизмот додека Судот на правдата ја разгледуваше жалбата на Будимпешта и Варшава, само испраќајќи неформални писма до Полска и Унгарија со списоци на прашања за загриженоста на владеењето на правото. Ова одложување го налути Европскиот парламент, кој ја тужеше Комисијата. Во декември, врвен советник на Судот во необврзувачко мислење оцени дека механизмот е легален според правото на ЕУ.