ЕУ и Франција го осудија повикот за руско признавање на териториите во источна Украина

комесарот за надворешни работи на ЕУ Жозеп Борел

Европската унија „остро го осуди“ повикот на долниот дом на рускиот парламент до рускиот претседател Владимир Путин да ги признае проруските сепаратистички територии во источна Украина, изјави комесарот за надворешни работи на ЕУ Жозеп Борел. Долниот дом на рускиот парламент, Државната дума, во вторникот го усвои барањето до рускиот претседател Владимир Путин да ги признае самопрогласените републики Луганск и Доњецк во источна Украина. „Таквото признавање би било јасно прекршување на договорот од Минск, потпишан со посредство на Франција и Германија, кој предвидува враќање на тие територии под контрола на Киев“, напиша Борел во пораката на Твитер.

Думата го усвои барањето до Путин да ги признае Луганск и Доњецк

Украина ќе претстави докази за кршење на правата од страна на Русија во окупираниот Донбас

Текстот на повикот до рускиот претседател е усвоен на пленарната седница на Думата, со која се бара двете територии да станат автономни држави, суверени и независни, изјави претседателот на Долниот дом на рускиот Парламент, Вјачеслав Володин. Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан изјави дека признавањето на сепаратистичките територии од страна на Москва би било „невооружена агресија“. „Тоа би било невозможна ситуација, начин на агресија без оружје и распаѓање на единството и интегритетот на Украина без оружје. Тоа би било напад врз суверенитетот на Украина“, рече Ле Дријан во обраќањето пред Комитетот за надворешни работи на францускиот парламент.