Дводневен состанок на министрите за одбрана на НАТО

Министерски состанок на НАТО во Брисел

Министрите за одбрана на НАТО ќе се состанат денеска и утре во Брисел при што се очекува да покренат план за формирање четири мултинационални борбени групи во југоисточна Европа како одговор на руското воено засилување во Украина, изјавија тројца дипломати за Ројтерс. Овој потег ќе биде најголемата промена на позицијата на НАТО откако ги постави своите борбени групи во Естонија, Литванија, Летонија и Полска - поддржани од тенкови, противвоздушна одбрана и единици за разузнавање и надзор - како одговор на руската анексија на Крим во 2014 година.

Експлозивна ситуација: руското воено трупање кај Украина е „без преседан“


На состанокот кој ќе биде со физичко присуство на министрите ќе претседава генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, а ќе учествува и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин. Тој ќе ги посети американските трупи во Полска, бидејќи Вашингтон останува фокусиран врз ризикот од голема руска инвазија на Украина. Остин ќе отпатува и во Литванија, која на Украина и испорачала противвоздушни ракетни системи и муниција „Стингер“. До посетата на Остин доаѓа откако Русија соопшти дека некои нејзини воени единици се враќаат во своите бази по вежбите во близина на Украина. Не е јасно колку единици се повлекуваат и на која далечина.