Распуштање, хакирање, вакцинирање...
ХРВАТСКА - Хрватската полиција го уапси хакерот кој украде податоци од 100.000 корисници на А1 Хрватска и бараше откуп од 500.000 долари во криптовалути. Се работи за малолетно лице од Славонски Брод, а според полицијата податоците на корисниците не биле злоупотребени.
КАЗАХСТАН - Казахстанскиот министер за економија Алибек Квантиров изјави дека неговиот тим предложил десеткратно зголемување на даночната стапка за компаниите за ископување криптовалути кои работат во Казахстан.
МАКЕДОНИЈА / КИНА - Цврсто верувам дека во постпандемиската ера постои огромен потенцијал на заемно корисна соработка меѓу Кина и Северна Македонија, изјави амбасадорот на Народна Република Кина во земјава Џанг Ѕуо.
СРБИЈА - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги распиша вонредните парламентарни избори во Србија за 3 април и донесе указ за распуштање на Народното собрание. Уредбата влегува во сила со објавувањето во Службен весник.
БЕЛГИЈА - Белгиските вработени ќе можат да работат четири дена во неделата, откако владата се согласи на нов работен договор со цел да донесе флексибилност на инаку крутиот пазар на труд.
ГРЦИЈА - Поранешниот премиер и лидер на грчката опозиција Алексис Ципрас од Сириза го обвини актуелниот премиер Кирјакос Мицотакис од Нова демократија дека едно зборувал за Преспанскиот договор кога бил во опозиција а друго сега кога е на власт. Мицотакис, пак, вели дека неговиот став останал ист – ако договорот се ратификува не може да се промени.
МАКЕДОНИЈА - Има подобрување на епидемиолошката ситуација, но расте бројот на нови случаи на Ковид-19 меѓу децата што следат наставата со физичко присуство на возраст од шест до 14 години, информираше претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.
BELARUS-RUSSIA-DEFENCE-ARMY