Цврсто верувам дека во постпандемиската ера постои огромен потенцијал на заемно корисна соработка меѓу Кина и Северна Македонија, изјави амбасадорот на Народна Република Кина во земјава Џанг Ѕуо.
Во обраќањето на приемот за медиумите по повод кинескиот пролетен фестивал, тој рече дека во справувањето со пандемијата Кина донирала 100.000 дози вакцини и обезбедила комерцијална набавка на 700.000 вакцини за Македонија.
Ѕао рече дека според статистичките податоци на кинеските власти, билатералната трговија меѓу Кина и Македонија во 2021 година пораснала за 56,7 проценти на годишно ниво, увозот на Кина од Македонија пораснал за 66 проценти на годишно ниво, а кинескиот извоз во земјава пораснал за над 43 проценти.
Денеска е Фестивалот на фенери во Кина. Во кинеската традиција, крајот на фестивалот на фенерите го означува крајот на прославата на кинеската Нова Година. Оваа година е година на тигарот. Тигарот претставува сила, храброст и бестрашност.