Групата странци, еврејски верници го напуштија Куманово

илустрација

Групата странци, припадници на еврејската верска заедница, го напуштиле Куманово и во моментов се во Скопје, соопштија денеска надлежните од МВР. Оттаму повторно потсетуваат дека лицата имааат легален престој и привремено престојуваат во државата.

„Лицата за кои прашувате го напуштија Куманово и во моментов се во Скопје. Потсетуваме дека овие лица ги почитуваат законите на Република Северна Македонија, се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава. Наведената група не претставува никаква опасност и апелираме на толеранција и солидарност кон истите“, соопштија од МВР.

Во групата, како што претходно информираа од кумановската полиција, има американски, канадски, белгиски и граѓани од Јужна Америка, кои како што посочија, имаат легални патни исправи односно документи и имаат одобрен престој во Република Северна Македонија.

Повеќемина странски државјани кои во Куманово се доселија неодамна деновиве беа забележани како вршат религиозни проповеди во просториите на изнајмен објект во градот. Оваа група граѓани предизвика загриженост кај кумановци кои прашуваа кои се овие луѓе и кој им дозволил да проповедаат.