Продажбата на електрични автомобили во Кина порасна за 132 отсто во јануари

илустрација, електричен автомобил

Малопродажбата на електрични автомобили во Кина пораснала за 132 отсто во јануари во споредба со јануари минатата година, објави кинеската медиумска групација (CMG), цитирајќи нови податоци од индустријата.

Со продадени 347.000 електрични автомобили, обемот и понатаму е за 27 отсто помал од декември, покажуваат податоците на Кинеската асоцијација за патнички автомобили.

Американскиот производител на електрични автомобили Тесла продал 59.845 возила произведени во Кина во јануари, додека кинескиот производител на автомобили BYD продал 93.101 електрични автомобили во истиот месец.

Здружението истакна дека компаниите за електрични автомобили се соочуваат со притисок на трошоците бидејќи субвенциите се намалени, додека има нагло зголемување на цената на суровините како што е литиумот.

Вкупната продажба на патнички автомобили на мало достигна 2,09 милиони единици во јануари, што е за 4,4 отсто помалку од претходната година, покажуваат податоците на Асоцијацијата.