Русија ќе одговори доколку на истокот на Украина бидат убиени руски граѓани

Донбас

Русија ќе „одговори“ доколку руски граѓани почнат да се убиваат каде било, вклучително и во украинскиот бунтовнички регион Донбас, објави руската новинска агенција РИА, која ја цитира изјавата на рускиот претставник во Европската унија, Владимир Чижов. „Нема да ја нападнеме Украина доколку не бидеме испровоцирани да го направиме тоа. Ако Украинците започнат напад против Русија, не треба да бидете изненадени ако ние возвратиме со контранапад. Или, ако почнат бесрамно да убиваат руски граѓани каде било – Донбас или каде било“, изјавил Чизов.

САД ги преместуваат активностите на амбасадата од Киев во Лавов

Бунтовниците во источна Украина поддржани од Москва велат дека владата во Киев подготвува офанзива против нив, додека Украина страхува дека Русија, која собрала над 100.000 војници блиску до украинските граници, планира да го нападне својот сосед.