Седница на бугарскиот Совет за национална безбедност поради Русија и состојбата во армијата

Бугарскиот претседател Румен Радев

Бугарскиот претседател Румен Радев за денеска свика состанок на Консултативниот совет за национална безбедност поради заканите за нацоналната безбедност и состојбата на армијата. На седницата, според бугарските медиуми, посебен извештај ќе има началникот на одбраната Емил Ефтимов.

Бугарија загрижена за безбедноста на државата поради ситуацијата во Украина

Во минатата недела некои министрите во владата оценија дека дека распоредувањето руски војници на границата со Украина е закана за бугарската национална безбедност. Од минатата недела небото над Бугарија го обезбедуваат авиони од Шпанија.