Иран - Обновувањето на нуклеарниот договор од 2015 година е „при рака“

Архива - преговори во Виена на светските сили за обновување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година.

Иранскиот министер за надворешни работи вели дека договорот за обновување на нуклеарниот договор од 2015 година е „при рака“ упатувајќи на напредниот моментум на преговорите во Виена.

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан зборуваше на денешна заедничка прес-конференција во Техеран со неговиот ирски колега, велејќи дека Иран продолжува да инсистира на укинување на санкциите како прв услов за заживување на нуклеарниот договор (JCPOA).

Амир-Абдолахиан, исто така, рече дека иранската страна е „сериозна и подготвена да постигне добар договор“ на преговорите во кои директно учествуваат претставници на Велика Британија, Кина, Франција, Германија, Иран и Русија, додека САД учествуваат индиректно.

Ирскиот министер за одбрана и надворешни работи Сајмон Ковени исто така рече дека гледа знаци кои покажуваат дека страните се „длабоко посветени“.

Ирска делуваше како олеснувач за резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за одобрување на договорот.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска разговараше со Амир-Абдолахиан и тие забележаа „опиплив чекор напред“ во обновувањето на иранскиот нуклеарен договор, соопшти руското Министерство за надворешни работи, пренесе ТАСС.

Но, иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој исто така се сретна со Ковени, инсистираше на тоа санкциите „навистина да бидат укинати“ и дека во преговорите „мора да се почитуваат правата на иранскиот народ“.