Ковачевски – Се прават анализи за зголемување на пензиите

Скопје - Луѓе на пешачки премин

Премиерот Димитар Ковачевски денска изјави дека се прават анализи за зголемување на пензиите. Тој најави и финансиска помош за пензионерите за полесно справување со енергетската и економската криза.

Премиерот рече дека веќе се работи на методологија која ќе овозможи одржливо и долгорочно зголемување на пензиите и која ќе биде презентирана пред сите засегнати страни.

„Пензионерите заслужуваат по толку години изминат труд и придонес во развојот на државата, да имаат достоинствени пензионерски денови“, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по закројувањето на лозјата во Росоман.

Пред неколку денови опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ до Собранието поднесе Предлог закон за зголемување на пензиите. Предлогот предвидува зголемувањето од 20 отсто на пензиите да почне да важи од април.

Предлогот на ВРМО-ДПМНЕ го оценува како паушален, затоа што, како што изјави, не се базира на никакви анализи и методологија.