Шаќири- Се разгледуваат неколку можности за покачување на платите во образованието

Училиште

Нема придобивки од одржување штрајк, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој вели дека е отворен за комуникација со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) за нивното барање за покачување на платите на наставниците. Министерот порачува дека инсистира на директна комуникација со СОНК за да не дојде до штрајк.

Минатата недела Шаќири имал состанок со СОНК, а недела треба да се сретнат повторно, а на состанокот треба да присуствуваат и претставници од Министерството за финансии.

„Отворени сме за комуникација и во најбрзо време ќе дадеме одговор за овој многу важен процес“, најави Шаќири во однос на барањето за повисока плата на наставниците, по покачувањето на минималната.

Шаќири одговараше на прашања пред почетокот на настанот за унапредување на средното стручно образование.

Тој напомена дека се разгледуваат неколку можности во однос на процесот за покачување на платитe, a потсети и дека е во собраниска процедура Законот за наставници во кој е вклучено и покачувањето на платата.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе поднесат предлог за дополнување на Законот за наставниците, со кој, како што наведуваат од партијата, ќе се создаде правна сигурност со која платите во образованието ќе се усогласат по колективен договор, со минималната плата на национално ниво.

Минималната плата од мартовската плата треба да изнесува 18 илјади денари.

Шаќири одговарајќи на прашања рече и нема информација кога ќе почне скринингот за ковид во училиштата.