Германскиот канцелар Шолц во Киев пред средбата со Путин

германскиот канцелар Олаф Шолц

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ќе го посети Киев пред да отпатува за Москва на 15 февруари, соопшти неговиот кабинет. Ова ќе бидат први патувања на Шолц во двете земји како шеф на германската влада. Тој самиот неодамна го најави своето патување во Москва, но не спомна какви било планови да го посети Киев пред тоа. Според канцеларот, задачата е да се искористат сите можности и сите формати за да се спречи нарушувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, вооружената инвазија на Русија.

Шолц: Доколку Русија ја нападне Украина цената ќе биде висока

„Нашата задача е да спречиме војна во Европа, да испратиме јасна порака до Русија дека секоја воена агресија ќе има последици што би биле многу големи за Русија и дека сме обединети со нашите сојузници", рече Шолц во горниот дом на германскиот Парламентот во петокот.

Блинкен – Заканата од руска инвазија врз Украина е доволно блиска

Русија концентрираше повеќе од 100.000 војници во близина на украинската граница и започна со голем број на воени вежби во регионот, но тврди дека не ја напаѓа земјата. Москва бара гаранции од Западот дека НАТО нема да дозволи Украина и другите поранешни советски републики да ѝ се придружат на Алијансата. САД и НАТО ги отфрлија тоа.