Порошенко ќе може да се брани од слобода

Илустрација, архивска фотографија, поранешниот претседател Петро Порошенко

Илустрација, архивска фотографија, поранешниот претседател Петро Порошенко

Судот во Киев ја потврди одлуката за да му дозволи на поранешниот претседател Петро Порошенко да се брани од слобода додека не се истражи до крај случајот против него. Тој е обвинет за предавство, а неговите поддржувачи таквото обвинување го отфрлаат како политички мотивирано. Судот пресуди Порошенко да остане во Киев и а го предаде својот пасош.

Обвинителството бараше приведување на Порошенко, додека адвокатите на поранешниот претседател побара укинување на сите ограничувања кои му ги наметна судот.

Порошенко се врати во Киев

Случајот против Порошенко, кој е еден од најбогатите во Украина, предизвика меѓународна загриженост. За овој случај реагираше и американскиот државниот секретар Ентони Блинкен, кој изјави дека Украинците треба да се држат заедно, бидејќи земјата "се соочува со можност од руска агресија".

Обвинувањата против Порошенко се поврзани со наводната продажба на јаглен за да помогне во финансирањето на сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина во 2014-15, додека тој беше на власт.

Имотот на милијардерот Порошенко е замрзнат поради истрагата. Тој се соочува со можна 15 годишна казна затвор, доколку Судот донесе пресуда дека е виновен.
Порошенко, кој сега е пратеник и лидер опозициската партија Европската солидарност, го обвини својот наследник на претседателското столче Володимир Зеленски, дека врши политички прогон против него.

Порошенко беше избран за шеф на прозападната влада по протестите во 2014 година во Украина, кога падна од власт поранешниот претседател Виктор Јанукович.