Татко и ќерка обвинети за 8 дивоградби во мавровско Леуново

Илустрација, архивска фотографија Маврово

Гостиварското основното јавно обвинителство поднесе Обвинение против две физички и едно правно лице. Тие се обвинети за кривичното дело бесправно градење. Според соопштението на Обвинителство, обвинетите, татко и ќерка се државјани на Република Косово.

Реформи или ново офајдување на урбаната мафија?

Во предметот обвинета е и фирмата која била управувана во ќерката, и преку која во периодот од 10.07.2021 до 20.09.2021 година, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, започнале да градат осум бунгалови во селото Леуново, општина Маврово и Ростуше.

„Објектите – цврста градба, на околу 200-300 метри од езерото, биле евидентирани при извршена контрола од градежен инспектор, при што инвеститорите добиле наредба да запрат со градежните активности“, се вели во соопштението.

На 17 април избори за градоначалник на Маврово-Ростуше и Центар Жупа

Но и покрај таквата нареба тие продолжиле да ги градат објектите спротивно на закон, велат обвинителите.