За Русија одговорот на НАТО и ЕУ е непочитување

Сергеј Лавров

Руското Министерство за надворешни работи го отфрли заедничкиот одговор на НАТО и Европската Унија за нејзините безбедносни прашања како непочитување и недостаток, објави Ројтерс.

Министерството соопшти дека министерот за надворешни работи Сергеј Лавров испратил прашање до сите земји-членки на блокот за нивното разбирање на принципот на „неделлива безбедност“, очекувајќи индивидуален одговор од секоја земја.

Наместо тоа, тој добил одговори од првиот човек на НАТО и високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, до кои Лавров не испратил барање.

„Ваквиот чекор не може да се гледа како ништо друго освен знак на дипломатска грубост и непочитување на нашето барање“, велат од Министерството.

Тензиите меѓу Русија и Западот се зголемуваат откако Русија натрупа околу 100.000 војници во близина на границата со Русија. НАТО и неговите сојузници ги засилуваат своите сили во Источна Европа поради страв од руска инвазија на Украина, што Москва го отфрла.

Русија вели дека сака Западот да ги држи Украина и другите поранешни советски земји надвор од НАТО.