СЗО: Сè уште не е крај на пандемијата

Главната научничка на Светската здравствена организација (СЗО), Сумија Сваминатан, изјави дека светот сè уште не е на крајот на пандемијата со ковид 19, бидејќи во иднина ќе има повеќе варијанти на корона вирусот.

„Видовме како вирусот еволуира, мутира... па знаеме дека ќе има повеќе варијанти, повеќе варијанти за загриженост, така што не сме на крајот на пандемијата“, им рече Сваминатан на новинарите во Јужна Африка.

Таа ги посети капацитетите за производство на вакцини со генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус.

На крајот на 2019 година, канцеларијата на Светската здравствена организација во Кина беше информирана за пневмонија од непознато потекло, која беше откриена во градот Вухан, во провинцијата Хубеи.

Во февруари 2020 година, Светската здравствена организација го објави името на болеста предизвикана од корона вирус-ковид19.