Во рамки на втората средба на работната група за инфраструктура и патен транспорт помеѓу владите на Северна Македонија и Бугарија која се одржува во Софија, а е предводена од министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски, двете страни се согласиле да се зголеми квотата на дозволи на 1.500 годишни дозволи за транспорт на стоки за и од трети земји. Исто така, од министерството соопштија дека Комисијата направила значителен напредок во преговорите за целосна либерализација на товарниот транспорт.
За утре предвидена е посета на делегација на Република Бугарија составена од министерот за транспорт и комуникации, Николај Сабев, министерот за туризам, Христо Проданов, заедно со триесетина тур оператори, на која средба ќе се разговара за развој на туризмот меѓу двете земји.
„Во делот на инфраструктурниот развој, двете страни се согласија да се иницира средба со претставници од Европската комисија во насока за финансиска поддршка за доизградба на коридорот Софија – Скопје – Тирана – Драч, кој би придонел за подобро поврзување и забрзан економски развој на регионот“, се наведува во сопштението од Министертвото за транспорт и врски.
- Состанок на групата за инфраструктурата и транспортот во Софија
- Односи Софија-Скопје - Историјата и политиката на различен колосек
На работната група, како што информираат, присуствувал и министерот за локална самоуправа Горан Милевски, каде заедно со бугарскиот колега Гроздан Караджов, разговарале за понатамошната соработка меѓу двете земји во делот на прекуграничната соработка и реализација на проекти финасирани од ИПА 3 компонентата, како и за отворање на граничниот премин Клепало кај Берово.
Во однос на соработката на енергетскиот сектор, била договорена изработка на физибилити студија за изградба на интерконекторот Струмица – Петрич. Двете страни се согласиле за користење на капацитетите на резервоарите за природен гас на Република Бугарија, како и заедничко партнерството во изградбата на LNG терминалот во Александрополис, Република Грција.