Јапонија даде одобрение за антиковид лекот на компанијата Фајзер Паксловид, соопшти денеска министерот за здравство Шингејуки Гот, во време кога оваа земја се бори да го забави ширењето на инфекции поттикнати од омикрон.
Одобрувањето беше дадено на помалку од еден месец откако Фајзер ја поднесе апликацијата, што е исклучително брзо за земја каде одобрувањето за употреба на странски лекови обично трае многу подолго.
Гото рече дека таблетата на Фајзер обезбедува поголеми опции за третман за пациентите со висок ризик, вклучително и постарите лица и оние со други здравствени проблеми.
Одобрувањето е дадено во време кога големото зголемување на бројот на заразени лица меѓу постарите лица доведува до пренатрупаност во болниците во Токио и во другите урбани области, а само околу осум отсто од населението примило бустер доза од вакцината.
Повеќето од 47 префектури во Јапонија се во блага вонредна состојба. Премиерот Фумио Кишида во петокот објави дека планира да ги продолжи ограничувањата на сила во Токио и во 12 други области до 6 март.
Јапонија смета дека оралните лекови ќе помогнат да се намали бројот на потешки форми на ковид и смртни случаи, а Кишида рече дека владата обезбедила два милиони дози од овие таблети. Министерот за здравство соопшти дека од понеделник ќе почне дистрибуцијата на апчиња.
Премиерот трпи критики поради бавното имунизација во однос на бустер дозата на антиковид вакцините. Неодамна постави цел од еден милион дози до крајот на февруари, но експертите велат дека е предоцна да се постигне тоа.
Инаку лекот на Фајзер, комбинација на антивирусните лекови нирматрелвир и ритонавир, е вториот орален антикоагулантен лек одобрен од Јапонија по антивирусната пилула молнупиравир од Мерк.