Во Софија продолжуваат експертските разговори меѓу Македонија и Бугарија

продолжуваат разговорите на експертско ниво меѓу министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија

Во Софија денеска и утре продолжуваат разговорите на експертско ниво меѓу министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија посветени на политичкиот пакет прашања за надминување на разликите меѓу двете земји за кои македонскиот премиер Димитар Ковачевски очекува тие да се водат во духот на европските вредности и со почитување на достоинството и на граѓаните и на двете држави.

Ковачевски: ретроградни сили сакаат да го попречат процесот на изнаоѓање решение со Бугарија

„Доколку сакате да решите отворено прашање мора да комуницирате. Не може само со обвинувања, како што имавме изминатиот период. Тоа мора да биде комуникација во која може да се видат бенефитите од двете страни и да се врати довербата меѓу нив“, изјави Ковачевски. Според него, постои можност двата процеса – интеграција на Северна Македонија и преговорите да се водат паралелно.

Радев - Очекуваме уставни гаранции за правата на македонските Бугари

Бугарскиот претседател Румен Радев во вторникот на средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија и Швајцарција потсети и на темите кои не се економнски, а на кои сега повеќе инсистираат јавно новите премиери Димитар Ковачевски и Кирил Петков. „Меѓу нерешените политички прашања се издвојуваат почитувањето на правата на македонските Бугари, јакнењето на јазикот на омразата и посегнувањата врз бугарското културно-историско наследство. Оставањето на овие прашања настрана ќе го забави и напредокот во процесот на европска интеграција“, рече Радев. Следниот состанок на заедничката историска комисија пак треба да се одржи на 24 и 25 февруари.