Марихуана и политика
ТУРЦИЈА - Веб платформите на три светски медиуми Гласот на Америка, Дојче веле и Еуроњуз би можеле да бидат забранети во Турција, освен ако не поднесат барање за дозволи за емитување преку интернет, изјави за ДПА заменик-претседателот на Националниот регулатор за радиодифузија (РТУК).
МАКЕДОНИЈА / БУГАРИЈА - Тројца министри од Бугарија и двајца од Северна Македонија ќе учествуваат на состанок на меѓуресорската работна група за соработка во инфраструктурата, транспортот и поврзувањето, сопштија од Министерството за регионален развој и јавни работи.
МАКЕДОНИЈА - Владата смета дека нема потреба од донесување на декларацијата за Гоце Делчев која беше поднесена во Парламентот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Посочуваат дека Собранието веќе усвои резолуција за утврдување на државните позиции во преговорите со Бугарија, како и дека Делчев не е предмет на преговори.
ЕУ / БЕЛОРУСИЈА - Европската унија ја повтори својата поддршка за независните белоруски новинари и повика на ослободување на сите политички затвореници, 18 месеци од претседателските избори по кои следеше бран на брутална репресија врз противниците на претседателот, Александар Лукашенко.
МАКЕДОНИЈА - Полицијата во две големи акции запленила 1,6 тони дрога во вредност од 3,2 милиони евра, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР). Акциите биле спроведени во Струмица и во Ресен.
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Британскиот премиер Борис Џонсон утре ќе биде во дипломатска турнеја на Полска и Белгија, каде ќе го посети седиштето на НАТО во Брисел, во услови на зголемени тензии меѓу Русија и Западот поради трупањето на над десетици илјади руски војници на границата со Украина.
ШВАЈЦАРИЈА - Делегација од десетина талибанци престојува во Женева на покана на невладина организација за да се сретне со швајцарски дипломати и хуманитарни организации, објави Франс прес од извори блиски до властите. Швајцарското Министерство за надворешни работи соопшти дека посетата на талибанците не претставува признание на нивните власти во Авганистан.