Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека по формирањето на новите влади, во Северна Македонија и во Бугарија, и по посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје било договорено да се отвори нова страница во разговорите. „И јас и претседателот на бугарската влада и членовите на владата веројатно бевме водени од тоа да отвориме дијалог кој ќе ја врати позитивната атмосфера, но ние бевме свесни дека веднаш ќе се јават ретроградни сили кои ќе гледаат да го попречат тој процес. Тие сили кои ги има и во едната и во другата држава своето политичко битисување го темелат на овој проблем. Бидејќи, ако не постои проблемот тие не можат да постојат како политичка парадигма, тоа сме го имале во минатото. Како се отворија разговорите, веднаш се отворија теми и провокации кои ги гледаме кои се случуваат и кои гледаат да не се дојде до решение“, изјави Ковачевски во интервју за Алсат.
Радев - Очекуваме уставни гаранции за правата на македонските Бугари
Според него, мнозинството од граѓаните и во двете држави сакаат да се изнајде решение, бидејќи, како што рече, Северна Македонија го заслужува датумот за преговори со ЕУ. „Доколку сакате да решите отворено прашање мора да комуницирате. Не може само со обвинувања, како што имавме изминатиот период. Тоа мора да биде комуникација во која може да се видат бенефитите од двете страни и да се врати довербата меѓу нив“, рече Ковачевски. Според него, постои можност двата процеса – интеграција на Северна Македонија и преговорите да се водат паралелно. „Јас искрено се надевам дека тие можат да одат паралелно, но тоа ќе зависи од договорот кој ќе биде постигнат, доколку биде постигнат“, рече Ковачевски.
Османи: Историјата да не ја користиме како платформа за изградба на политички кариери
Тој смета дека секој процес кој предолго трае може да влијае негативно на поддршката од граѓаните, но за среќа, како што нагласи, истражувањата на јавното мислење кај нас потврдуваат дека мнозинството од граѓаните верува во европската иднина на државата.