Голема заплена на марихуана во два посебни случаи вечерва спроведува полицијата соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Дневникот на Македонската телевизија. Запленета е дрога во Струмица и Ресен.
По завршување на акциите се очекуваат детални информации од МВР за запленетите количини дрога.
На 3 февруари, пак, полицијата на скопскиот аеродром заплети еден тон материјал за производство на амфетамини. Првичната проценка според надлежните е дека од набавената количина на прекурзорот требало да биде произведен амфетамин со вредност од над 50 милиони евра.