Макрон пристигна во Украина ќе се сретне со Зеленски

Францускиот претседател Емануел Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во Киев, еден ден по средбата во Москва со претседателот Владимир Путин. Макрон треба да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски во услови кога се зголемуваат стравувањата дека Русија, која распореди повеќе од 100.000 војници во близина на границата со Украина, би можела да се подготвува да го нападне својот западен сосед.

Вчера Макрон рече дека му дал предлози за „конкретни безбедносни гаранции“ на Путин за време на нивниот состанок во Кремљ и дека рускиот лидер го уверил за неговата „подготвеност да се вклучи во оваа смисла и неговата желба да ја одржи стабилноста и територијалниот интегритет на Украина“.

Макрон изјави и дека му рекол на Путин дека создавањето нова безбедносна архитектура во Европа не треба да се прави со откажување на правото на државите да се приклучат на НАТО алијансата.

Путин побара промени во безбедносните аранжмани во Европа, вклучително и ветување дека НАТО никогаш нема да ја прими Украина, дека ракети никогаш нема да бидат распоредени во близина на границите на Русија и дека западната алијанса ќе ја намали својата инфраструктура.