Ковид решенијата за изолација и во електронска форма

Позитивен ковид тест. Илустрација.

Од Владата соопштија дека од денеска е во функција платформата на која секој граѓанин кој е позитивен на Ковид-19 ќе може онлајн да дојде до сопственото решение за изолација. Пристапот, според соопштението, е можен преку банер на веб-страницата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат кој носи до порталот vakcinacija.mk или директно на vakcinacija.mk.

„Постапката е едноставна. Граѓаните кои до сега немаат креирано профил, ќе треба да се регистираат на Порталот со креирање профил преку кој се овозможува генерирање на решението за изолација кое е дигитално потпишано од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат“, соопштија од Владата.

Сите лица, како што се наведува, кои до сега имаат свој профил на vakcinacija.mk, ќе може да го генерираат решението на ист начин како и сертификатите за Ковид-19 вакцинација или за прележан Ковид-19.