Министерот за одбрана на Бугарија Стефан Јанев изјави денеска дека регионот се соочува со најголемата криза од Студената војна и дека тоа што се случува во Украина директно ја загрозува безбедноста на државата. Тој посочи и дека нивните анализи покажуваат на сериозни дефицити во вооружени сили на Бугарија.
Јанев истакна дека меѓу приоритетите во добраната е модернизација на вооружените сили. Тој најави дека ќе се направи се за да се доведат трошоците за одбрана до 2 отсто од БДП до 2024 година Според него, целта е е да се зголеми борбена обука и подготвеност на вооружените сили.
Русија распореди војници во близина на границата со Украина, но вели дека не планира да изврши инвазија. Соединетите држави поминаа неколку недели обидувајќи се да постигнат договор со европските партнери за силен пакет санкции доколку Русија нападне.
Рускиот претседател Владимир Путин вети дека засега нема да спроведува нови воени иницијативи во близина на Украина, изјави француски официјален претставник по разговорите на Путин со францускиот претседател Емануел Макрон.
Путин побара промени во безбедносните аранжмани во Европа, вклучително и ветување дека НАТО никогаш нема да ја прими Украина, дека ракети никогаш нема да бидат распоредени во близина на границите на Русија и дека западната алијанса ќе ја намали својата инфраструктура.