Од СДСМ денеска соопштија дека ВМРО-ДПМНЕ нанесува штета на ликот и делото на револуционерот Гоце Делчев преку нивната декларација. Според СДСМ, декларацијата е политичко подметнување со цел да се продлабочат поделбите меѓу граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ е против евроинтеграциите на земјата.
„Никој не заборава дека ВМРО-ДПМНЕ правеше споменици на Ќосето, дека на партиски настани воспева и слави личности како Ванчо Михајлов, Тодор Александров и други кои се спротивни на Гоце Делчев и на македонските интереси во тој период. Ваквото политичко понижување на делото на Делчев и штета на грбот на националниот интерес покажува дека нема разлика помеѓу Христијан Мицкоски и некои други бугарски политичари кои имаат за цел градење политички кариери преку одржување на спорот помеѓу двете земји. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се засрамат и да ја повлечат оваа нивна срамна Декларација“, соопштија од СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш повикаа СДСМ да ја поддржат декларацијата и да покажат, како што се наведува, дека навистина им значат македонските национални интереси.
„Со одбивањето на Декларацијата, СДСМ не одговори зошто се против. Со одбивањето на Декларацијата Ковачевски го дели народот против Ѓорѓи Делчев, каде што треба да се обединиме. Самото одбивање на Декларацијата е показател дека владата на Ковачевски преговара со Бугарија за Ѓорѓи Делчев“, велат од опозициската партија.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека СДСМ не објаснила што конкретно од декларацијата за нив е неприфатливо и дали за нив е спорно истакнувањето на ликот и значењето Делчев во револуционерната борба за државност на Македонија.
Делчев е тема на разговори во заедничката мешовите комисија за историски и образовни прашања на Македонија и Бугарија, а членовите не успеаа да усогласат заедничка препорака за него. Досега комисијата има препораки за заедничко чествување на пет личности- Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски.