Во Вашингтон, американскиот претседател Џо Бајден одржа разговори со германскиот канцелар Олаф Шолц. Двајцата лидери го истакнаа своето единство и доверба додека работат на дополнително одвраќање на руската агресија во Европа. Бајден вети дека „ќе стави крај“ на спорниот гасовод Северен тек 2, кој беше изграден за испорака на руски гас во Германија, но сè уште не е пуштен во употреба. „Идејата дека „Северен тек 2“ ќе продолжи со инвазијата на Русите едноставно нема да се случи“, рече Бајден на заедничката прес-конференција со Шолц. Тој не прецизираше како САД ќе можат да спроведат таков потег, но нагласи дека Германија и Соединетите држави се подготвени да дејствуваат заедно како одговор на каква било инвазија.
Во Европа расте стравот поради можен недостиг на руски гас во случај на напад на Украина
Бајден изјави дека ако Русија изврши инвазија -- прецизирајќи дека тој мисли на тенкови или војници кои повторно ќе ја преминат границата со Украина -- „тогаш повеќе нема да има Северен тек 2“. Шолц пак изјави дека Германија и Соединетите држави ќе дејствуваат заедно во нивниот одговор на каква било руска инвазија, која Москва негира дека ја планира. Тој рече дека двете земји се подготвени да донесат далекусежни, строги мерки во случај на инвазија. Бајден додаде дека САД работат на изнаоѓање алтернативни извори за природен гас за да ја надоместат. Бајден додаде дека ако го прекине снабдувањето со гас на Европа, Русија ќе биде многу лошо погодена. „Ние гледаме што можеме да направиме за да ја компензираме загубата -- непосредната загуба -- на гас доколку се случи тоа“, изјави Бајден по разговорите со германскиот канцелар Шолц.
Шолц: Доколку Русија ја нападне Украина цената ќе биде висока
Шолц денеска во Берлин ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон и со полскиот претседател Анджеј Дуда, најавија од германската влада, наведувајќи дека оваа недела може до состанок на форматот Нормандија на ниво на советници. Русија распореди повеќе од 100.000 војници во близина на границите на Украина. Таа негира дека планира инвазија, но вели дека може да преземе неодредени воени мерки доколку не се исполнат нејзините барања, вклучително и ветувањето на НАТО никогаш да не ја прими Украина во Алијансата.