Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.790 тестови, а регистрирани се 690 нови случаи на Ковид-19. Од вкупниот број на позитивни, 94 се реинфекции.
Оздравени се 676 лица, а починати се 18 пациенти: 12 починати лица од Скопје (65г, 66г, 69г, 70г, 71г, 73г, 73г, 76г, 79г, 87г , 88г и 89г), 2 починати лица од Охрид (79г и 85г), и по едно починато лице од Гостивар (84г),Струга ( 78г) Куманово (66г) и Битола (83г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 3 починати лица, Охрид (1), Струмица (1) и Велес (1). Починатите се на возраст од 43г до 68г. Од пријавените лица две лица се починато во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 03.02.2021 – 05.02.2022г. Од вкупниот број на починати, 6 лица се целосно вакцинирани, а кај 18 лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.821.672 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 278.872, бројот на оздравени пациенти е 257.956, на починати е 8.599, а бројот на активни случаи изнесува 12.317.